Ракомет
6. April 2023 - 19:53

СЕХА: Вардар на чекор до ново учество во завршниот фајнал фор

 
Голема предност за ракометарите на Вардар во првиот деул од четвртфиналето од СЕХА лигата откако пред својата публика ја совладаа новосадска Војводина со 38-25. 
Гостите допатуваа во Скопје со подмладен тим и уште од стартот покажаа немоќ постигнувајќи го првиот погодок по 6 минути игра. 
До крајот на првиот дел црвено-црните водеа со 22-11. 
Второто полувреме беше само формалност и победата на Вардар во Скопје достигна 13 гола разлика кои треба да му го обезбедат новото учество во завршниот фајнал – фор на петкратниот првак во ова натпреварување. 
Најдобар кај стрелците кај Вардар беше Јан Чувара со десет гола, Куни Моралес постигна осум, а Леонардо Дутра имаше пет реализации.