Меѓупартиски обвинувања за уставните измени
По ВМРО-ДПМНЕ и Левица одлучи да не учествува во работната група на министерството за правда за уставните измени. Од партијата на Апасиев обвинуваат за тајни средби меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ и тоа во посредство на бугарски служби.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека ваквите изјави на Левица се нарачака од СДСМ поради нивната веќе јавна коалиција со партијата на власт.
„Ниту имало тајни средби, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ разговара за прифаќање на уставните измени под бугарски диктат...Затоа против Левица ќе биде покрената тужба за клевета доколку не се извинат за лажните тврдења“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата на Мицкоски и понатаму стојат на својот предлог во македонскиот устав да се инкорпорира хрватската преамбула во која ќе се наведе македонскиот народ како конститутивен, и да се набројат националните малцинства.
Премиерот Ковачевски, вчера го одби предлогот на Мицкоски велејќи дека уставните измени треба да се наш автентичен модел, а не прифати ни лидерска средба со опозицискиот лидер.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
