Засилени безбедносни мерки во пресрет на средбата Вучиќ-Курти во Охрид
По главната сообраќајница во градот Булеварот Туристичка отстранети се таканаречените лежечки полицајци ,има бројно физичко полициско обезбедување а не е дозволено ни паркирање по улиците се до местото каде ќе бидат сместени српскиот претседател и косовскиот премиер.Охрид е подготвен да ги дочека високите државници според сите протоколи.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски најави и контроли по сообраќајниците за непречено одвивање на настанот и апелира до гарѓаните да ги почитуваат препораките се со цел подигнување на степенот на безбедниост .
Според агендата прво се предвидени одвоени средби на високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Борел, и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Лајчак со двете делегации, а потоа е предвидена и заедничка средба. По завршувањето на средбите во вилите „Билјана“ и „Охрид“, најавено е обраќање на Борел пред медиумите.
Состанокот во Охрид е продолжение на дискусијата што двајцата лидери ја имаа на 27 февруари во Брисел.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
