Мицкоски: Изнудени решенија нема да ја спасат Македонија од кризата
Двојно повисоката инфлација од земјите во евро зоната е само уште еден доказ дека владата нема решение за економската криза во која ја втурна државата, вели опозицискиот лидер Мицкоски кој причините за перманентната криза ги гледа во високиот степен на корумпираност и криминал на извршната власт. Тој денеска од Битола уште еднаш побара предвремени избори во мај или јуни, изразувајќи подготвеност на нив да излезе и без пржинска влада
Изнудени Ад Хок решенија не се решенија. Вештачкиот раст на минималната и просечната плата нема да ја извлечат Македонија од кризата во која запаѓа се подлабоко, смета лидерот на опозицијата
А лошите економски перформанси на државата според Мицкоски се плод на како што вели, се подлабоката корупција и криминал во кој функционира Владата. Доказ повеќе за тоа според него е тендерот за надзор на коридорите
Мицкоски и денеска го повтори барањето за предвремени избори во мај или јуни изразувајќи подготвеност на нив да оди без пржинска влада.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
