Македонија
8. March 2023 - 16:33

Правата на жените по три децении парламентарна демократија стигнаа на дневен ред во пленарната сала

Законски измени за целосна родова еднаквост на листите за пратеници и советници, најмалку 40 отсто жени министри во Владата, квота од 30 отсто за жени градоначалнички, формирање на Секретаријат за родова еднаквост, родово сензитивен собраниски деловник, регулирање на интеренте просторот за спречување на говор на омраза.... Ова се клучните заклучоци кои денеска беа усвоени во парламентот по повод Денот на жената – 8 Март.

По 30 години паралментарна демократија, 20 години Клуб на пратеницички Собранието денеска за прв пат оддржа посебна седница на која се зборува за напредокот во родовите прашања.

Пратеничките на власта и опозцијата реагираа на се уште големото насилство врз жени, за економската нееднаквост и проформа бројчана застапеност без реална моќ и во политиката и во секојденвието.

Министерката иако призанва дека има простор з анов напредок, се пофали дека Македонија има низа закони кои се родово зензитивни.

Родовата застапеност 50-50 во законодваната и извершната власт беше едно од клучните ветувања на владејачката СДСМ. Сепак, бројките во реалноста се поинакви. Во владата на Ковачевски од 20 министерски позиции, само 5 се на жени. Во парламентот соодносот е добар поради законските квоти. Во собраниските клупи седат дури 51 жена. Најслабо во родова застапеност стоиме во општинската власт, жените се застапени со само 3 отсто во локалните совети.

Освен актуелната градоначалничка на Скопје - Арсовска, досега жена не раководела со ниедна позначајна политичка функција, како премиер, шеф на државата или собраниски претседател.

Споредено со регионот Македонија не е најлоша, но каска. Застапеноста на жените во владите од регионот се движи околу 30 проценти.  Во западен Балкан има и две премиерки Брнабиќ во Србија и Кришто во Босна и Херцеговина, додека Косово иам претседателка.