Реакции од македонскиот, но не и од албанскиот блок
Опозицијата бара оставка од министерот Спасовски по синоќешното двојно убиство во локал меѓу Кале и Старата скопска чаршија. Тие сметаат дека последната вооружена пресметка на нарко кланови е само резултат на досегашнотот несправување со криминалот од страна на власта и министерот за внатрешни работи.
И Павле Трајанов од Демократски сојуз смета дека ескалира безбедносната ситуација во државата. И тој верува во политичка поврзаност на дел од учесниците во пресметката.
За власта пак, Спасовски добро си ја врши работата. За двојното убиство на Кале од СДСМ апалеираат да се верува на институциите за да можат побрзо да ја завршат својата работа.
Талевски коментира дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ со деструктивнотот однесување ги спречува институциите навремено и соодветно да се справат со безбедносните проблеми, како што е примерот со дојавите за бомби во училиштата.
Албанските партии засега без реакција за суровото и двојно убиство во центарот на Скопје, иако се зборува и можна врска меѓу еден од убиените и актуелни политичари од албанскиот блок.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
