Македонија
15. February 2023 - 19:48

Каква помош во воена опрема ќе добие Украина од НАТО?

Тенкови, продтивоздушна одбрана, муниција и логистика. Сојузниците подготвуваат голем пакет на помош за Украина но во овој момент, желбите на Зеленски од Русија да се брани со западните борбени авиони,  НАТО не може да ги исполни. На последниот ден од самитот во Брисел министрите за одбрана уште еднаш побараа поголем ангажман од секоја земја членка

На последниот ден од НАТО самитот во Брисел на кој присуствуваа и министрите за одбрана на Шведска и Полска, алијансата поголем фокус стави на внатрешните прашања. Договорено е са се зголеми заштитата на критичната инфаструктура, пред се на подводните гасоводи кои настрадаа уште пред почетокот на зимата. Сојузниците се договорија на следниот самит во Вилнус да разговараат и за зголемување на инвестициите во одбраната. Германскиот министер за одбрана побара, а сојузниите се согласија дека 2% од БДП треба да биде минималниот праг кој секоја од државите мора да го вложи во сопствената одбрана што за Македонија би значело дека по 2024 ќе мора да троши најмалку по 100 милиони евра годишно за оваа намена.

„Членките на  НАТО договорија пакети за помош на неколку земји во ризик меѓу кои и за Босна и Херцеговина, како начин земјата да се справи со ширењето на руското влијание. Во спроведувањето на овие мерки НАТО голема помош очекува од Македонија особено во делот на споделување на искуства имајќи предвид дека Скопје има слична историја на предизвии како и офицјиално Сараево.