Македонија
8. October 2022 - 16:37

Струшките училишта бараат скратени часови поради скапата струја

Основните и средните училишта во Струга бараат скратување на училишните часови за 10 минути.Наместо стандардните 45 минути тие да траат 35 минути се со цел справување на енергетската криза и заштеда на нафта.Ваквиот предлог бил доставен до локалната а за него треба да одлучуваат советниците  во советот на градот.

Последните сметки за струја за 30 посто биле зголемени ,тие сметаат дека   одлуката училиштата да бидат на регулиран пазар е особено значајна за поголемите училишта.

Инаку претходно струшките училишта најавија дека започнаа со мерките за штедење струја преку исклучување на дигиталната технологија,компјутерите и паметните таблети но и отстранување на  помошните грејни тела од сите простории во  училиштата.