Loading Video...
Спорт плус
9. April 2022 - 18:33
Јанта волеј први финалист во Купот на Македонија за одбојкарки
Во Кавадарци се одржува завршницата на одбојкарскиот Куп на Македонија во обете конкуренции.
Одбојкарките на Јанта волеј Кисела Вода ќе имаат можност да го бранат трофејот во Купот на Македонија. Откако лани за прв пат во својата клупска историја го освоија купот, одбојкарките од Кисела вода ќе имаат можност и по втор пат да се радуваат на таков успех. Тие во првиот полуфинален меч во женска конкуренција со 3-1 по сетови 25-21, 16-25, 25-18 и 25-23 ја совладаа екипата на Наковски волеј.
Кој ќе биде нивни противник ќе дознаеме по вториот полуфинален меч во кој ќе играат Струмица и Работнички Скопје.
Женското финале на програмата е утре од 16 часот.
Потсетување дека во машкото финале кое ќе започне до 19 часот, ќе се сретнат Струмица и Вардар.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
