Анализа: Што содржи мировниот план помеѓу Украина и Русија - дали е остварлив?
Мировен договор меѓу Украина и Русија е можен само доколку двете страни направат отстапки околку клучните точки за кои тие имаат разлики, коментираат политичкитеи безбедносни аналитичари.
Фајненшел тајмс вечра објави оптимистичка прогноза за постигнување на мировен план составен од 15 точки. Во него клични се 7: НАТО подалеку од Украина, утврдување на безбедносни гаранции од двете страни, австриско-шведски модел на неутралност, членството на Украина во Европската унија, признавање на Крим, решение на статусот на Доњецк и Луганск и затворање на дел лаборатории во Украина за отстранување на заканите од хемиско и биолошко оружје.
Политкологот Благојче Атанасовски вели дека појдовни се две точки: неутрален статус на Украина и признавање на Крим.
Членството на Украаина во НАТО и ЕУ се уште е само на ниво на инцијативи, а последното прашање кое ќе се решава пак, според Атанасовски ќе го опфаќа статусот на двете украински покраини.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
