Loading Video...
Фудбал
3. March 2022 - 11:22
Нант против Ница во финалето на францускиот куп
Тимот на Нант е вториот кој обезбеди место во големото финале на францускиот фудбалски куп.
Нант во полуфиналето го елиминира Монако и тоа по подоброто изведување на пенали.
Откако во регуларниот дел резултатот беше нерешен 2-2, во пенал „рулетот“ повеќе среќа и нерви имаа фудбалрите на Нант коиреализираа четири наспроти двата удари на мостите од Монако,
Така Нант во финалето закажано за 8 мај на „Стад Де Франс“ во Париз, ќе игра против Ница која во полуфиналната рунда со победи четврто лигашот Вејсај со 2-0.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
