Македонија
21. February 2022 - 16:39

Власта и опозицијата ја заглавија функционалноста на Собранието

Помирна атмосфера во собраниската сала од минатонеделните тензични расправи во собраниските комисии. Но, иако пратеничките дискусии течат помирно, Собранието се уште е нефункционално и блокирано.

На збор и власта и опозцијата велат дека се за заеднички договор со кој ќе се дојде до повисоки плати на наставниците. Од СДСМ велат разговори со опозицијата се можни само ако се одблокира Комисијата за образование. Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат не веруваат во добрите намери на власта и бараат законот прво да се повлече па да се преговара.

По промената на страните на БЕСА и Алтернатива се уште е блокирана и Комсијата за избори и именувања од каде треба да поизлезат предлозите за 4 уставни судии. Власта бара да се поврати мнозинството во Комисијата пред да се продолжи со работа , опозицијата денеска пак, со барање до спикерот Џафери седница итно да биде свикана.

Долги и спротивставени дискусии пратениците на власта и опозцијата имаат дури и за покачувањето на минималната плата иако и едните и другите се изјаснија дека ќе гласаат за владиниот предлог.

Во подобрување на политичкиот дијалог, кој го опомена и евроамбасадот Гир, денеска помагаа и пратеници од Шведскиот парламент дојдени на посета кај своите македонски колеги.