Има ли надеж за меѓупартискиот дијалог во Парламентот?
Неприфаќање на точки на дневен ред што ги предлага опозицијата, излегување на говорница на цела група пратеници за да се спречи власта да донесе закон. Тоа е сликата на македонското Собрание изминативе две недели. Кој е начинот да се вратат работите на место?
Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ проблемот е во власта која го злоупотребува Деловникот и скратените постпаки при носењето на законите.
Од пратеничката група на СДСМ пак, прстот го вперуваат во политичките ривали. На прашањата дали има некакви разговори со опозицијата, кусо ни договорија со видео порака и коментар вака ВМРО-ДПМНЕ замислува дијалог.
Евробасадорот Гир, вчера на собраниска комисија посветена на евроинтеграциите ги опомена пратениците и побара од нив да соработуваат со конструктивни предлози. При тоа повика да се заврши и почнатиот Жан Моне дијалог како механизам за решавање на проблемите.
Разговорите меѓу власта и опозицијата во посредство на европратеници веќе една година стојат во место.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
