Македонија
11. February 2022 - 16:38

ВМРО-ДПМНЕ бара за 20 проценти повисоки пензии

Зголемување на сите пензии за 20 отсто почнувајќи од април поради поскапата струја и порастот на цените, предлага опозициската ВМРО- ДПМНЕ. Пратеничката група на партијата веќе ги поднесе законските измени во парламентот.

Мицевски апелираше до парламентарното мнозинство да ги поддржи измените како што заедно, рече тој, биле обединети и за зголемувањето на минималната плата.

Од СДСМ пак, велат дека предлозите на опозицијата се лицемерни, но ветуваат дека пензиите ќе растат.

Но, предлогот за зголемување на пензиите е само последен во низата прашања за кои власта и опозцијата не можат да најдат заеднички јазик во Собранието иако се од корист за граѓаните. Се уште стои проблемот со изборот на дури 4 уставни судии, а блокирани се и други законски решенија. Но, иако повикуваат на дијалог во парламентот и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат и за тоа кој всушност блокира.

Додека партиите тактизираат, Извештаите за нивната работа укажуваат на недостаток на квалитетна дебата. Таксата во Извештајот на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ за работата на парламентот од јуни до декември пратениците на скала од 1 до 10 добиле само оценка од 5,4 .

Како што се наведува во Извештајот, опозицијата земала поголемо учество од власта во собраниските дебати. Пратениците имале и повеќе процедурални забелешки во овој период, а она на што забележуваат авторите е и тоа дека за шест месеци е одржана само една седница за пратенички прашања.