Продолжуваат разговорите на опозицијата за една изборна единица
Иако со различен став за тоа каков изборен модел е најдобар и од ВМРО-ДПМНЕ и од Алијанса за Албанците сметаат дека измените за една изборна едница на помалите партии треба да се најдат на собраниска седница. Двете партии велат дека потребниот консензус што го бара власта за измена на изборните правила ќе се постигне само преку јавна расправа во парламентот.
Од партијата на Села стојат на ставот за 8 изборни единици, но велат дека ќе го разгледаат и предлогот за 1 изборна едница.
Ова е последна средба од серијата на меѓупартиски разговори што неделава ги инцираше ВМРО-ДПМНЕ по повод барањата на помалите партии за една изборна едница со цел полесно да се дојде до предвремени избори.
ДОМ, Демократски сојуз и ЛДП веднаш ја дадоа поддршката за измените, но велат дека изборниот праг треба допрва да се договори и треба да биде мал. Од БЕСА, пак, побараа и отворени листи.
СДСМ начелно дава поддршка за една изборна единица ако за тоа има консензус. Во ДУИ засега не се изјаснуваат иако на претходните избори беа против вакви промени.
Измените на Изборниот законик се во собраниска процедура, но освен што е помината потребата за нивно донесување, веќе неколку месеци се чека расправа во Комисијата за политички систем.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
