Македонија
18. January 2022 - 12:34

Охрид подготвен за прославата на Водици

Се е подготвено за одбележување на големиот верски празник Богојавление Водици во Охрид. Организаторите најавуваат дека со почитување и запазување на мерките за заштита од Ковид 19, ќе продолжи вековната традиција. Се очекува голем број верници да скокаат по чесниот крст во езерото но и бидат дел од најмасовната црковно народна манифестација во земјава.

Хотелиерите и оваа година за Водици нудат попусти на своите аранжмани.

Од Црвениот крст апелираат до сите оние кои ќе скокаат по светиот крст  да ја проверат својата здравствена состојба, да се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со температура од околу 7 степени целзиусови и секако да се воздржат од конзумирање алкохол.

По положување на крстот и осветување на езерската вода, точно напладне кај месноста „Сараиште“ ќе се одржи свето крштевање.