Македонија
8. January 2022 - 16:36
Патот Кичево-Охрид станува „црна точка“
Патниот правец Охрид-Кичево кој долги години е во изградба сеуште останува црна точка на патиштата. Скоро и да нема недела без сообраќајни незгоди, повредени лица и некоја нова жртва. Од охридската полиција најавија дека на овој потег а особено за празничните викенди кога има зголемена фрекценција на возила во сообраќајот има засилени контроли од страна на полициските службеници.
Најчестите причини за несреќи патиштата се непочитувањето на брзината и користењето на мобилни телефони при управување со автомобил.
СВР Охрид, најавува понатамошни зачестени контроли и апелира до сите учесници на сообраќајот на крајна внимателност при управувањето со моторните возила и почитување на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
