Македонија
4. January 2022 - 12:23

Насилството врз најмладите се уште во подем

Насилството врз најмладите сеуште во подем . Тие искусуваат најразлични видови на злоупотреби почнувајќи од своето семејство, врсници и во училиштето.Психолозите велат дека децата се повеќе се жртви и на општеството во кое живеат кое не им дава доволно подршка и ресурси како да се  справат со сопствените емоции и фрустрации.

Причините за насилството според нив треба да се лоцираат во семејството, општеството и се разбира во училиштето како една микросредина.

Како резултат на слобостите во воспитувањето на децата и падот на основните човекови вредности, агресијата кај децата и воопшто кај младите расте.Генерално кај голем број деца владее осаменост, отуѓеност, агресија, страв и недоверба.

Добрите познавачи сметаат дека за проблемот со насилството и жртвите потребно е секој ден, во секаква форма, да се зборува и делува а пристапот треба да биде мултиинституционален.