Тенис
26. December 2021 - 19:53

Жу Лин го освои турнирот во Сеул

Жу Лин од Кина  е победник на женскиот тениски турнир во Сеул  откако во финалето убедливо во два сета ја совлада Французинката Кристина Младенови и тоа со 6-0 и 6-4  во меч кој траеше нешто повеќе од еден час. 
За Жу која имаше пауза од турнирот во Вимблдон ова е прва титула  на ВТА турнирите додека турнирот во Сеул е првиот женски турнир одржан на тлото на Источна Азија од стартот на пандемијата со Ковид-19. 
Поразената Младеновиќ го играше 11-тото финале во кариерата и останува со два освоени турнири.