Македонија
24. December 2021 - 12:30
Гостите од соседството најбројни за празниците во Охрид
Туристите од соседството ќе бидат најбројни за новогодишните празници во главниот туристички центар. Најголем интерес за аранжманите во хотелите покрај брегот на езерото има од Србија, Косово, Црна Гора и Албанија но и од домашните кои се очекува да ги исполнат сместувачките капацитети до 90 посто.
Со оглед на тоа дека Македонија е сигурна дестинација за туристите и покрај притисокот на пандемијата има интерес за патување и прослави.
Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот очекуваат 2021 година да ја завршат со 2,2 милиони ноќевања, а во 2022 година се очекува да бидат реализирани 2,5 милиони ноќевања.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
