Македонија
22. December 2021 - 12:23
Прокисна кровот на модуларната болница во Охрид – Пациентите префрлени во инфективното одделение
Сеуште затворена модуларната болница во Охрид. Петнаесеттина ковид пациенти од кои 11 на кислородна поддршка се преселија повторно на Инфективното одделение. Од општата болница велат дека една од причините за ваквата одлука било прокиснување на кровот односно кондензацијата на вода во внатрешноста на модуларната а втората е намалувањето на бројот на заболени.
За настанатиот проблем со кондензацијата Општата болница го известила Министерството за здравство и се очекува изведувачот да ја санира појавата.
Доктор Балески најави дека на инфективно ќе се лекуваат само ковид пациенти, а според протоколот болните со други инфективни заболувања ќе се примаат на интерно одделение.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
