Македонија
27. November 2021 - 16:36
Пациентите со механичка потпора на срцето сеуште безуспешно бараат ослободување од партиципација
Пациентите со механичка потпора на срцето бараат ослободување од партиципација за здравствени услуги. Иако уште пред една година оваа помош им била ветена од сето тоа сеуште ништо. Од здружението „Храбро срце“ велат дека од суштинска важност е поддршка од граѓаните и институциите. Во земјава 25 пациенти чекаат трансплантација на срце, а пет се веќе трансплантирани.
Од „Храбро срце“ апелираат дека е потребно во земјава да се подигне свеста во јавноста за донирање на органи и посочуваат колку е возвишен чинот да се подари живот на еден човек.
Инаку лани во време на пандемија од Ковид-19, за првпат во земјава беше извршена трансплантацијата на срце како највисоко достигнување во медицината во сферата на кардиоваскуларните заболувања.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
