Пецаков: Плажите долж Охридското Езеро ќе се издаваат под концесија
Плажите долж Охридското Езеро ќе се издаваат под концесија. До април идната година се очекува да заврши целиот процес капалиштата да бидат вметнати во урбанистичкиот план и да се издаваат преку јавно наддавање, согласно препораките на УНЕСКО. Градоначалникот Пецаков вели плажите не се дивоградби, тие се градени по елаборати и проекти со дозвола од Министерството за транспорт и врски.
-Не станува збор за дивоградби туку станува збор за проект врз основа на кој што беа издадени плажите на концесија, а претходната локална самоуправа, вклучувајќи ја централната власт од 2017 некаде од 2016 не најдоа за сходно да ги решат концесионерски“,вели Пецаков.
Од СДСМ пак реагираат велат дека во отстранувањето на дивоградбите на плажите постапувано е строго по законски процедури и апсолутно нема никаква селективност.
-Плажите треба да бидат слободни, тие им припаѓаат на граѓаните на Охрид, а не на поединци кои години наназад беа толерирани и работеа без концесии. УНЕСКО еднаш дава шанса, ако се продолжи и понатаму со вакво неразумно однесување ќе сме град без статусот на кој се гордееме.)велат од ОО на СДСМ Охрид.
И додека претходниот градоначалник Георгиески третирајќи ги како дивоградби урна дел од најатрактивните објекти на плажите новиот градоначалник Пецаков ветува повторно враќање на стариот лик на брегот и уредување на плажите каде обврска за концесионерите е половина од закупениот простор да биде слободен за граѓаните.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
