Loading Video...
Фудбал
12. November 2021 - 1:18
Македонија сама ја решава својата судбина за баражот за Мундијалот
Македонската фудбалска репрезентаија, сама ќе си ја решава својата судбина, околу пласманот во баражот, преку кој би се бркала и историска шанса, учество на завршницата на СП.
Последното коло во квалификациската Ј група за пласман на СП во Катар догодина, ќе реши која селекција ќе заврши како второ пласирана зад Германија, а со тоа и ќе избори бараж за Мундијалот.
Македонската репрезентација е во пол-позиција со два бода повеќе од Романија во пресрет на неделните натпревари од послетното 10-то коло.
Ова откако, Македонија на гости во Ереван ја декласира Ерменија убедливо со 5-0, а Романија на домашен терен одигра само 0-0 во дуелот против Исланд, селекција против кова во недела во Скопје, репрезентацијата на Македонија ќе атакува на победа и пласман во баражот.
„Имаме уште еден натпревар до крајот на циклусот, што ќе се случи по него, ќе видиме в недела. Мислам дека не ни пречи киксот во Рејкјавик, одиме од меч во меч, никој не очекуваше од нас освен самите ние, дека ќе се вратиме на овој начин. Овие момци затоа беа и на ЕП, покажуваат дека се квалитетни. Никој не знаеше во Рејкјавик како ќе се одвиваат квалификациите. И тој натпревар го одигравме на високо ниво, но индивидуалните грешки се составен дел од играта. Одиме понатаму, се што е зад нас оставаме таму, а сега ни следи последниот меч со Исланд“, вели селекторот Благоја Милевски.
И тројниот стрелец против Ерменија, капитенот Барди, веќе го остави зад себе персолното остварување и со сите мисли е насочен кон неделниот меч против Исланд.
„ Среќни сме за овој натпревар, но нашата концентрација е веднаш насочена кон Исланд. Никогаш не треба да се предаваме. Ќе играме до крај за тоа второ место, јас сметам дека навистина го заслуживме“, истакна Барди.
Во пресрет на последното коло Македонија е на втората позиција во Ј групата со 15 бодови, еден повеќе од Романија, а три од Ерменија.
Па, така, со победа над Исланд кој ни се провлече во Рејкјавик, македонските фудбалери ќе ја потврдат вората позиција на табелата.
Дуелот, Македонија – Исланд што ќе се игра на Националната арена „тодор Проевски“ ќе започне од 18 часот, термин во кој ќе се играат и преостанатите две средби од нашата група, Ерменија – Германија и Лиштенштајн – Романија.
ТАБЕЛА
1 ГЕРМАНИЈА 24 бодови (обезбеди пласман на СП)
2 МАКЕДОНИЈА 15
3 РОМАНИЈА 14
4 ЕРМЕНИЈА 12
5 ИСЛАНД 10
6 ЛИХТЕНШТАЈН 1
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
