Loading Video...
Фудбал
8. November 2021 - 18:16
Енис Фазлагиќ: Нашиот фокус е на натпреварот со Украина
Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” ги започна подготовките за претстојните квалификациски натпревари против Украина и Франција.
На 11. ноември, на тренинг центарот „Петар Милошевски” гостува селекцијата на Украина, пет дена подоцна на Националната арена „Тодор Проески” го пречекуваме топ фаворитот во групата, селекцијата на Франција.
Фудбалерот од средниот ред на Жилина, Енис Фазлагиќ верува дека со добра игра и пожртвуваност пред домашната публика може да се остварат позитивни резултати.
Во досегашниот тек од квалификациите, Украина има остварено три победи и еден пораз, се наоѓаат на втората позиција со 9 освоени бода. Македонија има скор од 1 победа, две нерешени средби и еден пораз. и со пет освоени бодае веднаш зад укреинската на третата позиција.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
