Loading Video...
Фудбал
7. November 2021 - 15:52
Младинците се собираат денеска, а сениорите утре, за квалификацииските натпревари
Младата репрезентација на Македонија, за фудбери до 21 година, денеска го имаше својот прв собир пред евро-квалификациските натпревари со Украина и Франција.
Селектор на младинците Драги Канатларовски утринава ја направи првата прозивка на играчите кои се најдоа на неговиот поширок список за двата дуели
Канатларовски и овој пат нема да може да смета на Метју Божиновски и Стефан Чолаковски кои не добија дозвола од своите клубови поради Ковид-19 рестрикциите во Австралија, како и Славе Марковски
Победата над Ерменија на гости во последниот меч ја врати самодовербата на играчине, но и амбициите да се атакува на втората позиција на табелата на која пред црвено-жолтите се токму Украинците против кои нашите младинци ќе играат први.
Дуелот против Укреина ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ а на програмата е во четврток (11 ноември).
Пет дена подоцна (16 ноември) младите македонски фудбалери ќе ги одмерат силите со фаворитот во нашата група Франција и тоа на националната арена „Тодор Проевски“.
А, сениориската, односно најдобрата македонска фудбалска селекција ја очекуваат последните два меча од квалификациите за СП во Катар догодина.
Селекторот Милевски утре точно напладне, ќе ја има првата прозивка за кога е закажан собирот на сениорите.
Македонија во трка за втората позиција која води во баражот за Мундијалот, на 11 ноември гостува во Ереван кај Ерменија, а во последното коло закажано за 14 ноември во Скопје ја пречекува селекцијата на Исланд.
На овие натпревари селекторот Милевски не може да смета на повредените, Аријан Адеми, Бобан Николов и Дени Илиев.
Потсетување дека во битката за баражот, Македонија како и Ерменија, кои се на третото и четвртото место на табелата, влегуваат со бод помалку од селекцијата на Романија која е втора, зад Германија која веќе го обезбеди својот пласиман на Мундијалот,
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
