Loading Video...
Фудбал
6. November 2021 - 17:55

Македонија ЃП ја прекина низата од 10 натпревари без пораз на Шкупи

Екипата на Македонија ЃП ја прекина победничката низа на Шкупи, па по десет меча без пораз од кои девет победи, чаирчани го претрпеа првиот пораз. 
 
На средбата во Ѓорче Петров, македонија славеше победа со 2:1 и тоа благодарение на голот на  Кристијан Филиповски во 92-минута, откако во 65-тата Адем од пелан им донесе предност на „лавовите“, а Ѓорѓиевски во 65-израмни на 1-1. 
 
Поразот на Шкупи кои и натаму е лидер на табелата го искористи Академија Пандев која на гостински терен го совлада Работнички со 3-0. 
 
Тетовското дерби и припадна на Шкеднија која беше подобра од Ренова со 1-0, а со ист резултат на гости во Битола, славеше Струга против Пелистер. 
 
Идентични победи од 2-1 пред својата публика забешежаа Брегалница против Скопје и Тиквбеш против Борец. 
 
Шкупи сега има четири бодови повеќе од Академијуа Пандев, а седум од Ренова и Брегалница .
 
 ПМФЛ РЕЗУЛТАТИ 13.КОЛО  
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П  -  ШКУПИ 2 – 1 
РАБОТНИЧКИ  -  АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0 – 3 
РЕНОВА -  ШКЕНДИЈА 0 – 1 
ПЕЛИСТЕР - СТРУГА Т.Л. 0 – 1 
БРЕГАЛНИЦА  -  СКОПЈЕ 2 – 1 
ТИКВЕШ -  БОРЕЦ  2 – 1 
 
ТАБЕЛА 
1 ШКУПИ 29 бодову
2 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 25
3 РЕНОВА 22
4 БРЕГАЛНИЦА 22
5 ШКЕНДИЈА 21
6 СТРУГА Т.Л. 19
7 РАБОТНИЧКИ 18
8 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 17
9 СКОПЈЕ 16
10 БОРЕЦ 8
11 ТИКВЕШ 7
12 ПЕЛИСТЕР 4