Македонија
6. November 2021 - 16:35

Охриѓани револтирани што туристичкиот центар остана без педијатри

Проблем со недостиг на педијатри ќе има и во наредните години. Со оглед на тоа дека специјализациите траат и по пет години а педијатријата е исклучително одговорна работа и потребно е да се  биде добар дијагностичар бидејќи децата незнаат да кажат што им е само по себе  бара огромно искуство. Доктор Колоска вели дека треба повеќе години да се надмине овој проблем а дотогаш неизвесно останува функционирањето, бидејќи во повеќе градови има недости од овој кадар.

Охриѓани пак стравуваат велат дека недозволиво е да нема педијатар во градот кој ќе може да ги лекува децата.

Одделението за педијатрија во охридската болница работи само како обична амбуланта .Поради недостиг на медицински персонал најмладите за хоспитализции се препраќаат во болницата во Струга.