Во Струга се почитувале мерките за заштита од ковид
3 илјади контроли само во последните два месеци во Струга.
Инспекторите од Струга интензивно на терен. Само во последните два месеци вкупно извршиле 3 илјади контроли а биле изречени и 59 мерки. Најчести прекршувања биле регистрирани во угостителските објекти каде не се почитувала забраната за пушење,и кај трговците,што се однесува пак до мерките за заштита од Ковид-19 од пазарниот инспекторат велат дека се почитувале.
Од пазарниот инспекторат најавуваат засилени контроли и во месеците кои следат со оглед на тоа дека доаѓаат празници и се организираат собири и забави во угостителските објекти.
Со оглед на тоа дека повторно бројките на заболени од Ковид 19 растат инспекторите посочуваат да се почитуваат здравствените протоколи бидејќи во спротивно следуваат високи казни и затворање на локалите.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
