Loading Video...
Фудбал
3. November 2021 - 10:20
Баерн и Јувентус осигураа осминафинале во ЛШ
Екипите на Баерн Минхен и Јувентус го задржаа максималниот учинок во Лигата на шампионите и на две кола до крајот на групната фаза го осигураа своето место во нокаут фазата.
Предводени од Роберт Левандовски кој оствари „хет-трик“ Баерн во Минхен ја победи Бенфика убедливо со 5-1 во меч од Е групата во која Ансу Фати со голот во 70-минута и донесе злачајна победа на Барселона на гостувањето во Киев кај Динамо.
Два гола постигна и Дибала во победата на Јувентус од 4-2 против Зенит со која италијанскиот тим по потврди своето место меѓу шеснаесетте најдобри.
Во оваа група (Х) Челзи славеше на гости кај Малме со 1-0, со што актуелниот европски првак ја задржа предноста од шест бодово во однос на Зенит.
Во последните две кола неизвесна ќе биде борпата за двете позиции во останатите две групи
Така во Ф групата во која Аталанта и Манчестер Јунајтед одиграа 2-2, а Вољареал со 2-0 го победи Јанг Бојс разликата меѓу Јунатед, Виљареал и Аталанта е само два бода.
Иста е ситуацијата и во Г групата во која Салцбург има два бода повеќе од Лил и Волфсбург, откако германскиот тим вчера славеше со 2-1 над Салцбург, а Лил со пресврт на гости ја победи Севиља со 2-1.
Денеска на програмата се преостанатите осум натпревари од 4.коло, по кои шанса да обезбедат пласман во осминафиналето имаат Ливерпул и Ајакс кои остварија по три победи.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
