Охрид очекува повеќе туристи
Од следната година нови летови од охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Договори се склучени со ТУИ Холандија, Полска и Белгија а се преговара и за директни чартер летови до Москва, Измир, Истанбул и Анкара кои ќе допринесат за зголемување на бројот на странските туристи. Од агенцијата за подршка и промоција на туризмот очекуваат 2,5 милиони ноќевања во македонскиот туристички сектор за 2022 година.
Од 1500 тестирани холандски туристи ниту еден во текот на летото не бил позитивен на коронавирус кога се враќале од Македонија тоа потврдува дека нашата земја е безбедна дестинација за патување.
Инаку, заклучно со месец август годинава во земјава биле остварени 1,8 милиони ноќевања, кај добрите познавачи од областа на туризмот владее оптимизмот дека со стивнувањето на пандемијата следната сезона ќе биде подолга и подобра како со домашни така и со странски туристи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
