Од борба за егзистенција до успешен бизнис - Како охриѓанката Катерина ја преброди економската ковид криза
Од потреба за егзистенција до идеја за одгледување на градинарски култури и подготовка на зимници. Охриѓанката Катерина Василеска откако останала без работа во време на ковид пандемијата започнала најнапред на пазарот да го нуди она што го има во нејзината бавча за потоа да започне да подготвува и продава ајвар и други зимници. Таа вели дека иако станува збор за тешка физичка работа сепак се исплати уште првиот ден имала нарачки за 200 тегли домашен ајвар.
Брзиот начин на живот и немањето доволно време е една од причините што последниве години се помалку семејства прават ајвар, а се повеќе расте понудата.
Подготовката и продажбата на ајвар и други зимници во домашни услови стана профитабилна работа од која во просек може да се заработи една плата, а оние пак кои имаат свој зеленчук имаат и поголема заработка.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
