Loading Video...
Кошарка
29. October 2021 - 11:20

Нема непоразени во Евролигата - Макаби и го нанесе првиот пораз на Барселона

Во кошаркарската Евролига повеќе нема не поразени екипи. 
 
Тимот на Макаби пред својата публика ја победи Барселона убедливо со 85-68 со што на шпанската екипа и го нанесе првиот пораз сезонава. 
 
Тое го искористија кошаркарите на Олимпија Милано кои беа убедливи во дуелот со Црвена Звезда совладувајќи ја со 79–62, по што ја презедоа лидерската позиција на табелата. 
 
Фенербахче и четврти меч е поразен во последните мигови од натпреварот. Турската екипа загуби на гостувањето во Атина од Олимпијакос со 67–65 и тоа со кошот на поранешниот свој играч Слукас. 
 
Германското дерби се одигра во Берлин, каде Алба доживеа пораз од Берн со 69–82. 
 
Вечерва на програмата се преостанатите пет средби од седмата рунда.
УНИКС КАЗАН - РЕАЛ МАДРИД 18:00 часот
ЗЕНИТ ПЕТЕРБУРГ - БАСКОНИЈА 19:00
АНАДОЛУ ЕФЕС - ЖАЛГИРИС 19:30
МОНАКО - ЦСКА МОСКВА 20:00
ПАНАТИНАИКОС – ЛИОН ВИЛЕРБАН 20:00