Loading Video...
Фудбал
29. October 2021 - 11:18
Барди со два гола го спаси Леванте од пораз против шампионот Атлетико
Со двата гола од пенал на Енес Барди екипата на Леванте извлече „реми“ 2-2 во дуелот против актуелниот шампион Атлетико Мадрид.
На средбата од 11.коло на Ла Лига одигран во Валенсија, гостите од Мадрид во два наврати преку Гризман и Куња имаше предност, но Барди во два наврати беше сигурен реализатор на најстригата казна. Првиот го реализира во 37-минута, а вториот во последната 90-минута.
Леванте сепак останува на претпоследното место на табелата со само 6 освоени бодови додека Атлетико е шести со 19 бодови, пет помалку од лидерот Реал Сосиедад.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
