Македонија
30. September 2021 - 12:33

Во Охрид вакцинирани над 60% од полнолетното население

Охрид меѓу градовите со најголем опфат на вакцинирани лица со прва доза против Ковид-19. Моментално 63,9 отсто од населението над 18 години се имунизирало а како што посочуваат од Здравствениот дом интерес има и за трета доза на вакцина и тоа најчесто од здравствените работници и постарите лица кои се вакцинирале меѓу првите.

За разлика од почетокот на вакцинацијата кога дневно се вакцинирале и по илјада лица сега бројката е намалена. Вакцинацијата се одвива без закажување од 7 до 14 часот,од понеделник до сабота  со вакцините Фајзер, Синовак и Астра Зенека.

Инаку моментално во Охрид активни се 533 лица а во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 11 случаи позитивни на Ковид 19.