Loading Video...
Фудбал
30. September 2021 - 10:52

22 гола на осумте средби во Лигата на шампионите

 
22 гола беа постигнати на осумте натпревари со кои е комплетирана втората рунда во фудбалската Лига на шампиони.
 
Најефикасно беше во Минхен каде Барн го „топедира“ Динамо Киев со 5-0. Едн гол помалку постигна Зенит во победата над Малме со 4-0. 
 
Барселона од гостувањето кај Бенфика се врати со три голови во својата мрежа. 
Во дербито на вечерта одиграно во рамките од Х групата, Јувентус со голот на Киеза по само десет секунди игра во вториот дел го покеди актуелниот европски шампион Челзи.
 
Идентична минимална победа со 1-0 оствари и Аталанта против Јанг Бојс, додека единствениот меч без победник го одиграа Волфсбург и Севиља 1-1. 
 
На триумф од 2-1 се радуваа фудбалерите на Салцбург во дуелот со Лил, како и Манчестер Јунајтед кој иако губеше од Виљареал со 0-1, сепак со головите на Телес во 60-тата и Кристијано Роналдо во шестата минута од судиското дополнение донесе голема радост на „Олд Трафорд“. 
 
 
ЛИГА НА ШАМПИОНИ - 2.коло
Х група
ЈУВЕНТУС - ЧЕЛЗИ 1-0
ЗЕНИТ - МАЛМЕ 4-0
Е група
БЕНФИКА - БАРСЕЛОНА 3-0
БАЕРН М. - ДИНАМО КИЕВ 5-0
Ф група
МАНЧЕСТЕР Ј. - ВИЉAРЕАЛ 2-1
АТАЛАНТА - ЈАНГ БОЈС 1-0
Г група
САЛЦБУРГ - ЛИЛ 2-1
ВОЛФСБУРГ - СЕВИЉА 1-1
 
Следното 3.коло на програмата е на 19 и 20 Октомври