Македонија
4. September 2021 - 16:47

Жителите на струшко Враништа најавија нови протести

Жителите од струшкото село Враништа повторно на протест. Тие со транспаренти  по трет пат го кренаа својот глас и бараат од надлежните нова канализациона и обновување на водоводната мрежа. Иако нивните куќи како што велат се на 200 метри одалечени од колекторскиот систем на општина Струга селото не е приклучено на него.

Враништанци се жалат дека кога врне дожд нивните септички јами се излеваат поради што се шири неподнослива миризба и стравуваат од заразни болести.

Мештаните најавија дека протестите ќе продолжат се до исполнување на  нивните барања. Тие бараат и изградба на улици, пешачки и велосипедски патеки и паркови. Враништа кое се наоѓа на 5 километри од Струга има 500 домаќинства со околу 2000 жители.