Loading Video...
Фудбал
30. August 2021 - 18:08
Македонските фудбалери ги започнаа мини подготовките за мундијалските квалификациски дуели
Најдобрата македонска фудбалска репрезентација ги започна мини подготовките за претстојните три Мунсијалски квалификациски
Откако , вечерва во хотелот Хилтон во Скопје, новиот селектор Благоја Милевски ја имаше првата прозивка на играчите на кои ќе смета за трите натпревари, во текот на денешниот ден тимот ќе се комплетира.
Денеска пристигнаа Барди, Алиоски, а до крајот на денов се очекуваат и останатите репрезентативци кои вчера имаа обврски со своите клубови, па селекторот Благоја Милевски ќе ги има на располагање сите репрезентативци на кои ќе смета на престојните квалификациски натпревари за пласман на СП.
Првиот тренинг беше одработен попладнево на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ.
Видно изменет е состав во одност на претходно одиграните средби, со неколкумина дебитанти и повратници во националниот тим, но тоа никако не ја менува целта, да се продолжат позитивните резултати во квалификациите за СП во Катар. По завршувањето на репрезентативната кариера на Горан Пандев, капитенската лента и одговорност ќе ја превземе Стефан Ристовски.
Македонија во овој септемвриски круг, ја очекуваат три натпревари.
Веќе на 2 септември кога во Скопје ја пречекуваме Ерменија, а три дена подоцна ( 5 септември) гостуваме во Рејкјавик кај Исланд, а на 8 септември ќе go играме реванш дуелот против Романија од која бевме поразени со 3-2 во првото коло од овие квалификации.
На дуелите во Скопје, црвено-жолтите ќе имаат и поддршка од трибините.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
