Loading Video...
Фудбал
30. August 2021 - 15:15

Проблеми за Канатларовски пред дуелите со Франција и Србија

И младата фудбалска репрезентација до 21 година ги започна подготовките за евро квалификациските натпревари против Франција и Србија. На самиот старт проблеми за селекторот Канатларовски.
 
Новиот селекторот Драги Канатларовски не ќе може да смета на четворица играчи. Поради позитивен Ковид-19 тест, Марио Младеновски (Ботев Пловдив), Адриан Хајдари (Рапид Виена) и Димитар Тодоровски (Работнички), ќе ги пропуштат двата натпревари, додека Амел Рустемоски од швајцарски Вил поради повреда заработена на клупскиот тренинг не е во можност да се стави на располагање за првиот меч против Франција.
 
Сепак тоа кај останатите не ја нарушува позитивната атмосвера, па Арби Воша смета дека тимот ќе може да направи позитивни резултати.
 
„Располагаме со квалитетен тим, се надевам дека ќе ги оствариме поставените цели пред почетокот на овој квалификациски циклус. Фокусирани сме максимално на првиот натпревар и дуелот со селекцијата на Франција. Не очекува тежок меч, но ова е фудбал и сѐ можно. Се надевам дека ќе се прикажеме во добро светло и се надеваме на позитивен почеток во квалификациите и тешкото гостување во Ле Ман. Франција е топ фаворит во групата и тешко е да се ветува било каков резултат. Имаме право да ветиме дека ќе дадеме максимум од нашите можности и тоа ќе го направиме“, вели Воша. 
 
Младите македонски фудбалри евро-квалификациите ќе ги започнат на тешкто гостувањет против Франција во Ле Ман на 2 септември, а на 7 септември против Србија ќе играат во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.