Loading Video...
Спорт плус
30. August 2021 - 15:12

Ристо Николов: Шансите за добар разултат ќе ги бараме на сите натпревари

Втор ден македонските одбојкари се во Тампере, Финска, каде од 1 септември ќе го започнат своето ново учество на Европскиот шампионат 
 
Најата најдобра машка одбојкарска репрезентација полека се аклиматизираат во Тампере, но и ги одработува последните подготовки за премиерниот меч во Ц групата и тоа против домаќинот Финска
 
Искуството од пред две години, стекнато на првото учество на европскиот шампионат, е непроценливо, па сега црвено-жолтите веруваат дека на својот  втор настап ќе може да направат и подобар резултат. 
 
„Позитивен резултато може да очекуваме против Финска и Шпанија, најреално. Пред две години се надевавме на победи против Финска и Турција, но ги добивме Белорусија и Словенија, така да се е можно. Овде најголема шанса имаме против овие две екипи, а и Турција која веќе ја имаме победено. Со Холандија ќе биде тешко, така да на секој натпревар ќе ја бараме шансата да оствариме успех“, вели блокерот Ристо Николов.
 
Воведниот меч Македонија и Финска ќе го играат во среда на 1 септември од 19 часот, по што редоследно за нашите одбојкари ќе следуваат дуелите против Холандија, Турција, Шпанија и на крајот Русија.