Loading Video...
Фудбал
29. August 2021 - 16:06
Милевски вечерва ќе ја направи првата прозивка пред трите квалификации натпревари за СП
вечерва во 20 часот во хотелот Хилтон во Скопје, новиот селектор фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски ќе ја има првата прозивка на играчите на кои ќе смета за претстојните три Мунсијалски квалификациски
Со видно изменет состав во одност на претходно одиграните средби, како и Македонија ја очекуваат нови дуели во квалификациите за СП во Катар.
„Некои промени се неизбежни, но не стравувам. Напротив, јас стојам зад репрезентацијата и фудбалерите и имам мотив и енергија да работиме квалитетно, максимално професионални и да бидеме конкурентни. Го сакаме предизвикот и сакаме да покажеме дека заслужуваме да бидеме меѓу најдобрите. Се надевам дека сите ќе бидеме здрави и подготвени за тоа”, вели селекторот Милевски во пресрет на вечерашниот собир.
Првиот тренинг според програмата е утре (пшонеделник) од 17 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Македонија ја очекуваат три натпревари и тоа веќе на 2 септември кога во Скопје ја пречекуваме Ерменија, а три дена подоцна ( 5 септември) гостуваме во Рејкјавик кај Исланд, а на 8 септември ќе go играме реванш дуелот против Романија од која бевме поразени со 3-2 во првото коло од овие квалификации.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
