Loading Video...
Спорт плус
29. August 2021 - 15:55

Ѓорѓи Ѓорѓиев - Против Русите нема што да бараме, но на останатите натпревари одиме на победи

Mакедонските одбојкари веќе се во Тампере, Финска, каде од 1 септември ќе го започнат своето ново учество на Европскиот шампионат 
 
Три дена би треболо да бидат доволни за нашите одбојкари да се аклиматизираат на прилагодат, иако денешниот трениг го одработија во малата сала во Тампер, а веќе утре ќе работат и во арената во која ќе се играат натпреварите во Ц групата. 
 
Искуството од дебито пред две години, сигурно ќе биде непроценливо, па црвено-жолтите веруваат дека на својот  втор настап ќе може да направт и подобар резултат. 
 
„На порвиот настап на ЕП бевме малку еуфорични и згрешивме во некои работи. Сега сме далеку поискусни. Ќе го дадеме максимумот и знаеме што треба да направиме. Шансите се големи. На секој натпревар ќе излеземе да победиме. Да бидеме реални, нема што да бараме проптив Русија, но другите четири натпревари можеме да  направиме две или три победи“, вели организаторот на играта во нашата репрезентација Ѓорѓи Ѓорѓиев 
 
Како и пред две години на дебито во Љубљана „црвено-жолтите“ на отварањето на првенството ќе играат повторно со селекцијата на Финска, во мечот закажан за 1 септември од 19 часот, по што редоследно ќе играме со Холандија, Турција, Шпанија и на крајот Русија.