Loading Video...
Спорт плус
28. August 2021 - 18:35

Одбојкарите во комплетен состав заминаа за Финска на ЕП

Во комплетен состав македонските одбојкари отпатува за Тампере, каде од 1 септември ќе го започнат своето ново учество на Европскиот шампионат 
 
Откако сите беа негативни на ПЦР тестови на Ковид-19, македонската одбојкарска експедиција попладнево замина за Тампер, Финска каде ќе настапува на Европското првенство. 
 
Во рамките од Ц групата покрај домаќинот Финска, за противници ќе ги имаме и селекциите на Шпанија, Холандија, Турција и сечлекцијата на Русија, која според капитенот Никола Ѓоргиев е топ фаворитот во оваа конкуренција, но Ѓорѓиев смета дека со сите останати нашата селекција може да се надигрува. 
 
Како и пред две години на своето деби во Љубљана „црвено-жолтите“ на отварањето на првенството ќе играат повторно со селекцијата на Финска, во мечот закажан за 1 септември од 19 часот, по што редоследно ќе играме со Холандија, Турција, Шпанија и на крајот Русија.