Loading Video...
Фудбал
25. August 2021 - 10:46
Бенфика, Малме и Јанг Бојс во групната фаза во Лигата на шампиони
Екипите Бенфика, Малме и Јанг Бојс обезбедија пласман во групната фаза во Лигата на шампиони.
Португалнскиот тим на гостувањето во Ајндховен кај ПСВ одигра без голови 0-0, па благодарение на победата со 2-1 на првиот дуел одигран во Лисабон, Бенфика се пласираа во групната фаза.
Таму ќе игра и швајцарскиот првак, тимот на Јанг Бојс кој како и на првиот натпревар, така и во реванш дуелот одигран во Будимпешта го победи Ференцварош со 3-2.
И екипата на Малме ја мина последната пречка. Иако шведскиот тим на гостувањето во Бугарија кај Лудогорец загуби со 2-1, сепак благодарение на победата на првиот меч одигран во Шведска,каде славеше со 2-0, Малме по третпат во клупската историја успеја да се пласира во групната фаза во Лигата на Шампионите
Вечерва ќе ги дознеме и последните три патници во групната фаза, по одигрувањето на реванш дуелите во кои се среќаваат:
БРОНДБИ - САЛЦБУРГ (1 – 2 прв натпревар)
ДИНАМО ЗАГРЕБ - ТИРАСПОЛ (0 – 3)
ШАХТЈОР - МОНАКО (Фра) (1 – 0)
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
