Фудбал
24. August 2021 - 11:01
Убедлив триумф на Вест Хем против Лестер
Екипата на Вест Хем забележа убедлива победа над Лестер со 4-1 во последниот натпревар со кој беше комплетирано второто коло во англиската Премиер лига.
Во првиот дел домаќините имаат предност од еден гол, но и играч повеќе откако Шпанецот, Пабло Форналс ја затресе мрежата на Лестер, а неговиот сонародник Ајозе Перез на спротивната страна заработи црне картон.
Предноста од играч повеќе домаќините ја искористија во 56 минута кога Бенрахма го постигна вториот гол, а во продолжението Атноние постигна два во 80-тата и 84-тата.
Телеманс пак беше стрелец на голот за гостите во 64-минута.
Со овој триумф Вест Хем е лидер на табелата со идентични 6 бодови како и Челзи, Ливерпул, Брајтон и Тотенхем кои исто како и „чеканите“ остварија по две победи.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
