Loading Video...
Фудбал
21. August 2021 - 16:09

Ливерпул го совлада Барнли 2-0 во првиот меч од 2.коло на Премиер лигата

Во воведниот натпревар од 2.коло на Премиер лигата одигран на преполниот „Енфилд“ фудбалерите на Ливерпул ги израдуваа своите навивачи со победата над Барнли со 2-0. 
 
Домаќините поведоа уште во 18-минута со голот на Диого Жота. 
 
До вториот гол се чекаше се до 69-тата минута, откако во меѓувреме поради офсајт ситуации беа поништени по еден гол на двете страни. 
 
Стрелец на вториот погодок за црвените беше Сенегалецот, Мане кој ги постави конечните 2:0