Loading Video...
Спорт плус
20. August 2021 - 12:42
Македонските одбојкари убедливи проти Црногорците, утре на мегдан со Словачка
Македонските одбојкари со победа над Црна Гора го отворија 45-тото издание на меѓунардниот турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ што се одржува во Скопје
Македонија ја победи Црна Гора со убедливи 3:0 по сетови 25-21, 28-26 и 25-19.
Овој турнир е последна можност за селекторот Душко Николиќ да ја провери моменталната форма на своите избраници, а воедно и да ја уигра екипата пред главниот настан, односно настапот на Европскиот шампионат.
Денеска нашите осбојкари ќе бидат слободни бидејќи Израел го откажа својот настап на турнирот поради проблеми со Ковид позитивни во нивниот тим.
Така денеска на програмата е дуелот меѓу Црна Гора и Словачка селекција против која македонските одбојкари утре ќе го одиграат својот натпревар.
Потсеување дека на своето воро учество на Европскиот шампионат македнските одбојкари ќе играат во групата во финскиот град Тампере, каде покрај домашната селекција на Финска, за противници ќе ги имаат репрезентациите на Холандија, Турција, Шпанија и Русија.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
