Loading Video...
Ракомет
11. August 2021 - 18:50

По пораз од Грција младите македонски ракометари (У19) мораат да ја победат Полска

Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје се одржува ЕХФ Шампионат за ракометари до 19 години. 
 
Нашите јуниор кои се во групата А каде за противници имаат само две селекции. 
 
По неочекуваниот пораз во 1.коло во дуелот со Грција во кој избраниците на селекторот Кирил Лазаров загубија со 4 гола разлика 26-30, сега не им останува ништо друго освен да ја совладаат Полска. 
 
Пољаците пред два дена беа подобри од Грците и тоа убедливо со 11 голови разлика, што во некоја рака нам тоа ни одговара, односно и минимална победа на македонските ракометари над  врсниците од Полска ќе им го обезбеди најмалку второто место во групата, а со тоа и пласман во полуфиналето.
 
Потсетување дека само победникот на турнирот игра на следното Европско јуниорско првенство.
 
Мечот меѓу Македонија и Полска на програмата е утре (четврток) од 15:30 часот