Loading Video...
Ракомет
10. August 2021 - 17:33

По двете победи кадетките имаат ден одмор пред клучните дуели на ЕХФ шампионатот во Рига

Женска  репрезентација на Македонија за ракометарки до 17 години настапува на ЕХФ шампионато во Клеипеда, Литванија. 
 
По убедливите победи, во 1.коло над Косово со 18 голови разлика и во второто во кое ја совладаа домашната селекција на Литванија со 17 гола разлика, денеска нашите кадетки имаат ден за одмор. 
 
Тоа е добредојдено пред клучните два меча во групната фаза со Шпанија и Финска преку кои ќе се брка второто место.
 
Македонија е на второто место во А групата со 4 освоени бодови колку што имаат и нашите ривали. 
 
Шпанија против која играат утре е на првата позиција, додека Финска која е трета, а против која ќе играат во четврток има одиграно и еден натпревар повеќе од нашите кадетки.