Loading Video...
Спорт плус
7. August 2021 - 19:15

ЛОИ - Преглед - атлетика: Распределени седум сета медали поставен еден олимписки рекорд

 
 
Доминација на Кенијките на маратонската трка 
 
Во најтешката атлетска дисциплина, маратонот, кој во трчаше низ улиците на Сапоро, кај дамите триумфираше Кенијката, Перес Јепчирчир, оставајќи ја зад себе сонародничката Бригит Косгеи, актуелната светската првенка,која задоцни 16 секунди, додека бронзената Американка, Моли Сеидел заостана  26 секунди зад новата олимписка шампионка.
 
Јакоб Ингебригстен до злато на 1.500 метри со олимписки рекорд
 
20-годишниот Јакоб Ингебригстен е нов олимписки шампион на делницата од 1.500 метри. Младиот Норвежанец го собори олимпискиот рекорд кој сега изнесува 3: 28,32.минути. Сребрениот медал го освои Кениецот, Тимоти Черујот, а бронзата му припадна на Британецот Џошу Кер.
 
 
Второ злато вкупно трет медал за Холанѓанката, Хасан 
 
Сифан Хасан го освои вкупно третиот медал на Игрите во Токио, откако триумфираше во трката на 10.000 метри кај дамите. Холанѓанката претходно освои злато на 5.000 метри и бронза на 1.500 метри. Среброто и припадна на Гезахење од Бахреин, бронзата на Гиди од Ериопија
 
 
Доминација на Американците во штафетнмите трки 4х400 
 
Американските атлетичари доминираа кога во прашање се штафетните трки на 4х400 местри. 
 
Американките предводени од легендарната Алисон Феликс стигнаа до златото, пред сребрената селеција на Полска која ги изненади атлетичарките од Јамајка кои мораа да се задоволат со бронзата.
 
И во машка конкуренција Амариканците стигнаа до злато и то со само 40.стотинки послабо време од олимпискиот рекорд. Холанѓаните во завршните метри го обезбедија среброто, додека најголемо изненадување направија атлетичарите од Боцвана кои ја освоија Бронзата односно првбиот олимпшиски медал во историјата за својата земја.. 
 
 
Русинката, Ласитскене златна во скок во вис
 
Со прескокнати 2,4 метри Русинката, Марија Ласитскене го освои златото во скок во вис кај дамите, натпреварување во кое до медали дојдоа и Мекдермот од Австралија односо Махучик од Украина кои се закитија со сребро и бронза.
 
 
Прв медал и тоа златен за Инјдија во атлетика
 
Нирај Чопра со фрлањето од 87,58 метри во втората серија и го освои златото во фрлање копје, а воедно и го донесе првиот олимписки медал на Индија од олимпијадите во атлетика. Среброто и бронзата патуваат за Чешка на градите на Јакуб Вадлејко и Витеслав Весел.